Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп се меѓу дваесетина балкански музеи кои се вклучени во организацијата на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, составена од македонски и од балкански археолошки предмети, која се смета за најголема на балканската предисторија во светот.
Чикаго на 31 март, по Њујорк, е следната станица од американската турнеја, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион.
Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.