ВИДЕО – Фекалии течат низ с. Мало Коњари, месец и половина пречистителната станица е во дефект


Повеќе од месец и половина фекалии течат низ прилепското село Мало Коњари, поради тоа што пречистителната станица е во дефект, а до сега истата не е поправена. Моментално станицата, која е пуштена во употреба во 2021 година е се уште во владение на Министерството на транспорт и врски и не е префрлена во владение на Општина Прилеп. Жителите велат дека иако сите биле запознати со проблемот решавањето одело бавно. Се жалаат дека особено во потоплите денови не се живее во селото од смрдеаат на фекалиите која се ширела наоколу.

Направен е записник, констатирано е дека проблем бил моторот кој е прегорен. Самиот мотор е изваден, однесен на сервисирање, меѓутоа до ден денес можеби 2 недели се уште не е вратен и не работи пречистителната станица“, кажа Николче Кукуноски, претседател на месна заедница Мало Коњари.

 

Овде имаме амбуланта, фудбалско игралиште, имаме чекална, има голем проток на луѓе, на 10 метра од амбулантата деца играат фудбал и влегуваат во фекалиите. Посебно во попладневните часови кога ќе затопли е неподносливо за живеење, неподносливо е да се помине, не да се живее“, вели Слободан Дичоски, жител на с. Мало Коњари.

Жителите крајно револтирани на надлежните органи затоа што велат дека проблемот започнал да се појавува уште од месец октомври. Се чувствуваат како отпишани од државата.

Извор на зараза. Учениците се тука, околу 300 ученици, не знам точно колку има во училиштето, фудбал се игра тука. Топката како е кога ќе влези во гомнаријата, јас да ги прашам горе што играат кошарка и фудбал по канцелариите што ги бираме, што ги трошат парите наши. Брука, 21 век. Европа, која Европа?“, додаде Душан Ангелески, жител на с. Мало Коњари.

Од ЈКП „Водовов и Канализација“ – Прилеп истакнаа дека се уште нема технички прием за да изведувачот ја предаде станицата на Транспорт и врски, па потоа да ја добијат тие. Но сепак нивни тимови излегле на терен и утврдиле дека е прегопрен моторот станицата.

Последните разговори со Министерството за транспорт и врски кажуваат дека оваа недела, од понеделник до петок ќе биде повторно вратен моторот и се надеваме дека самата прочистителна станица во тој момент ќе можеме да ја уклучиме во пробна работа. Во тој момент ќе знаеме 100% дали самата прочистителна станица е во функција“, изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Инаку на пречистителната станица се приклучени само 65 од околу 200 домаќинства во селото. Останатите куќи треба да ги поврзи прилепски Водовод откако ќе ја преземе станицата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи