Одржана 23-та седница на Совет на Општина Прилеп

Советниците ја усвоија статутарната одлука за изменување на Статутот на Општина Прилеп како и  правилникот по статутарната одлука за организирање и одржување на јавни трибини, анкети, предлози и форуми на заедницата во ЕЛС Општина Прилеп.

Советниците ги разгледаа и изгласаа и одлуките за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од 2022 година, предлог – годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, предлог- Годишен извештај на Општина Прилеп за 2022 година и  предлог – одлука за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општина Прилеп, за 2023 година.

На дневен ред пред советниците на 23-тата Седница на Советот на Општина Прилеп и со мнозинство гласови се изгласа и предлог-одлуката за давање согласност на годишен план за измена на годишниот план за вработување во 2023 година на ЈП за ПУП Прилеп и предлог-Одлуката за усвојување на Финансискиот план на ЈПЕД ЕНЕРГО ПРИЛЕП- Прилеп за 2023 година.

Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ,,Наша иднина’’ Прилеп, за 2023 година,  Предлог-Социјален план на Општина Прилеп 2023-2026 како и Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлогот  за потпишување Повелба за збратимување, пријателство и соработка на Општина Прилеп, Република Македонија и Општина Бајрампаша во Истанбул, Република Турција беа едногласно прифатени од советниците.

Советниците се согласија  на одлуката за отпис на расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства и ситен инвентар на ООУ ,,Добре Јованоски’’, ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, ЈОУДГ,,Наша иднина’’ и ги одобрија програмите за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2022/2023 на основните училишта во Прилеп.

Од посебно значење за Општина Прилеп беше одлуката за започнување со активностите за редовно ажурирање на процената на загрозеност од сите ризици и опасности на Општина.

На редовната 23-та седница на Советот на Општина Прилеп беа поставувани и советнички прашања на кој пред советниците одговараше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и раководните структури на локалната самоуправа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи