Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Дизел горивото и бензинот од 95 октани вечерва по полноќ ќе поевтинат за по два денари од литар, додека цените на бензинот од 98 октани, како и на нафтата за домаќинствата не се менуваат. Намалување на цената ќе има кај мазутот за 1,888 денари по килограм.
Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,779 (денари/килограм)