Бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 жени вработени во Витаминка

Витаминка обезбеди бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за над 300 жени вработени во компанијата. Прегледите се спроведуваа во просториите на самата компанија, за што беше донесена потребната опрема, ехо-апарат и медицински персонал за спроведување на прегледите од ПЗУ Интермед арт од Скопје. Вработените кои се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираа и со медицинско лице и добиваа совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување. Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни простории.

Бесплатните ехо-прегледи е активност што Витаминка ја спроведува по вторпат со намера да прерасне во редовна пракса.

„Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш била приоритет број еден за Витаминка. Оваа активност ја реализираме со цел да придонесеме за здравствената добросостојба на жените од сите возрасти вработени во компанијата и да апелираме за поголема здравствена грижа. Преку бесплатниот ехо-преглед на дојка и тироидна жлезда ќе поттикнеме на самосвесност за потребата од редовни прегледи и ќе ги охрабриме за поголема грижа и свесност за сопственото здравје. Веруваме дека со еден ваков чекор ќе ја подигнеме свеста за грижа за здравјето, за превенција од рак на дојка и ќе ги мотивираме и останатите компании и организации да вложуваат во своите вработени“, велат од компанијата.

Витаминка како општествено одговорна компанија се грижи за вработените преку преземање конкретни чекори за добросостојбата на вработените. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи