ОВР Прилеп со кривични за правни и физички лица за неовластено продавање или купување девизи

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Македонија, неовластено продавале и купувале готовински странски платежни средства – девизи во противвредност од 3.188.500 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи