Според Светскиот извештај за среќа, кој секоја година го составуваат научници во Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на институтот Галуп, Македонија е на 87 место веднаш зад Конго и Јужна Африка, што воедно ја прави најнесреќна држава во регионот.
Финска шеста година по ред е прогласена за земја со најсреќно население, а веднаш по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Од земјите од регинот, Словенија е најсреќна на 22 место, Италија е 33, Хрватска е на 48 место, Црна Гора е 67 во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.
Од соседните земји, Бугарија е на 77 место, Албанија на 83 место, Косово е 34 место, Србија 45, а Грција 58 на листата.
На дното на скалата се главно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.