Со новата одлука на РКЕ, од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Според одлуката на РКЕ, дизелот поевтинува за денар и половина, а бензините за половина денар.
Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 74 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 81 денар за литар, а бензинот еуросупер БС-98 ќе има цена од 83 денари за литар.
Освен бензините и дизелот, Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да се намалат и цените на екстра лесното масло и на мазутот. Литар масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.