Наставниците и ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп со низа настани го одбележаа денешниот ден, 21 март Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром.
„Со овој настан сакаме да ја подигнеме свеста за овие прекрасни личности, да ги поттикнеме и останатите да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром. Дауновиот синдром претставува состојба, а не болест! Денес кога светот го одбележува 21 Март Меѓународниот ден за лицата со Даунов синдром облековме шарени чорапи и му ја дадовме нашата поддршка. Покажете им сите на овие лица дека се грижите за нив и ги прифаќате онакви онакви какви што се од глава до петици без бариери и предрасуди“, вели директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.
Posted by Ахил Јаков on Вторник, 21 март 2023