Лишени од слобода двајца прилепчани кај кои биле пронајдени наркотични средства

Двајца прилепчани, во 2 различни случаеви се лишени од слобода бидејќи полицијата кај нив пронашла наркотични средства.

На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.О.(27) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.П.(40) од Прилеп .затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случаевите против истите ќе следува соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи