Парламентот ги донесе измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.
Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
Ова значи дека еден граѓанин ќе може да добие поврат од 8.400 денари годишно наместо досегашните 7.200, додека четиричлено семејство ќе може да повлече една просечна плата плус односно 33.200 денари.
Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година.
Преку мерката “Мој ДДВ” која беше промовирана пред неколку години досега се вратени повеќе од 80 милиони евра.