Крадците започнаа да крадат и цели порти во Тризла, жителите револтирани, велат никој не презема ништо


Синоќа околу 21 часот непознати сторители украле неколку метални порти од куќи на улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Браќа Шемкоски“. На лице место е излезена екипа на ПС Прилеп која го евидентирала настанот и направила записник. Жителите се крајно револтирани, затоа што ова не била прва кражба и бараат поголема ажурност од надлежните органи за откривање на сторителите.

„Вака веќе не се живее тука, постојано се кради, секојдневно, а ниту еден сторител досега не е откриен. Нема куќа каде нешто се нема украдено, дали тоа било алати, акумулатори од автомобили, се крадат и цели метални колички, кабли, црева, буриња, крадат се што може да земат. Еве сега почнаа и портите да ни ги крадат, што е премногу, е премногу. Тука  има голем број стари лица кои живеат сами и се плашат за својот живот, па и ние се плашиме, не знаеме што може да се случи ако изреагираме. Полицијата не си ја брка работата, врие арамии, а никој не е во затвор. Бараме под итно поголема ажурност на надлежните органи“, велат загрижено револтираните жители на овој дел од населбата Тризла, кои сакаат да останат анонимни.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи