Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Прилеп

На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.К.(37)  од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи