Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари за литар. Така ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 73, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84,5 денари за литар.