Во среда клубот „Dance studio New Generation“ тргнува на еден од најдобрите натпревари во Европа – ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ САРАЕВО.
„Во Сарево четири дена ќе се игра и ќе го претставуваме нашиот град Прилеп и Македонија. Тука ќе се натпреваруваме со најдборите клубови од Европа и конкуренцијата е голема. Ние ќе се претставиме со 5 формаци во Опен, Хип Хоп, Стрит Денс и со многу соло настапи во стрит денс и хип хоп. Точно 23 танчери од Прилеп ќе играат со најдобрите“, велат од лубот „Dance studio New Generation“.