Бектеши: Со РКЕ работиме по 1 јули да се врати евтината дневна тарифа за струјата

Facebook
Twitter
Email
Print


Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври“, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

Нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски во текот на наредната недела ќе ги каже подробностите на прес-конференција.

„Колку што сум информиран на почетокот на идната недела ќе има детална презентација. Можам да кажам дека најдобро се справивме во регионот со најмалку потрошени пари, но и во делот на немање рестрикции и во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата“, потенцира Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи