ВИДЕО – Проданоски: СДСМ да не ја задолжеше Општината со 5 милиони евра немаше да има потреба од обврзница


Почетокот на постапката за издавање на општинска обврзница беше прва точка на седницата денес на дневниот ред, градоначалникот со свое експозе објасни зошто е потребата за повлекување на еден ваков чекор. Еве оваа прилика ја користам и би сакал да ги информирам граѓаните дека на ваков чекор се одлучивме како Совет и како локална администрација предовдена од градоначалникот Борче Јовчески да се почне постапка за издавање на општински обврзници, истакна претседателот на Совет, Дејан Проданоски.

„Со оваа одлука која денеска Советот ја донесе се почнува постапка со која низ сите филтри, низ сите надлежни институции би се проследувале информации за солвентноста на буџетот на Општина Прилеп и со која постапка ќе побараме емисија на градски обврзници во висина на 5 милиони евра. За оваа сума на средства се предвидени да се изработат 3 клучни проекти, оние проекти што како владеачко мнозинство и како градоначалник ги предвидовме во нашата предизборна програма, но со оглед на околностите во кои ги поминавме оваа година и неколку месеци на власт овде во општина Прилеп, сметаме дека ова е единствениот извор на финансирање со кој би можеле да ги завршиме овие проекти кои ги дадовме како ветување пред нашите сограѓани.

Во одлуката се поместени 3 проекти, тоа е кружниот тек за изведба на градската река на мостот кај Табана, потоа пробивање и целосно конструирање на улицата Победа која би значела една важна артерија за поврзување на тој дел од градот и влезот од Македонски Брод. Како што спомнав, тоа се тие 3 проекти, сериозни и капитални кои што би имале одлична функционалност и би значеле подобра пристапност, односно подобрување на секојдневниот живот на нашите сограѓани.

Ова е само почетна иницијатива, Советот даде зелено светло и општинската администрација во следниот период ќе треба сериозно да работат, да ги спремат сите пропратни документи согласно законот за давање на вакви обврзници. Тоа се од прилика 17 точки кои треба да бидат задоволени и конечно по извесен период очекуваме да стигне до Владата и таа конечно да даде одлука дали ќе одобри емисија на вакви обврзници или хартии од вредност кои би биле пуштени на пазарот за хартии од вредност, со кои што Општината треба да приходува средства со кои би се изработиле, односно завршиле овие проекти“, истакна Проданоски.

Според Проданоски, досегашното искуство од неколку општини кои овој пат го започнале минатата година, како Општина Штип, тие сметаат дека се потребни некаде околу 5 до 6 месеци за да целата постапка стигне до Владата. Но искуството со Општина Штип е нагативно бидејќи таму не беше дадено зелено светло, односно Владата не даде позитивно мислење за реализација на овој проект.

„Ова е пракса во нашите соседни, а особено во европските земји е сериозно третирана и ја има. Еве соседна Бугарија е почната со овој процес уште во 90-тите години на минатиот век и има позитивни искуства. Се одлучивме на ваков чекор затоа што во моментов на пазарот за пари, односно банкарскиот систем, ова е најповолното решение за обезбедување на алтернативни извори на финансирање на општините. Каматните стапки се најниски по однос на ова прашање и сметаме дека е вистинскиот чекор. Беше поставено прашањето за начините на враќање ако биде одобрена оваа општинска обврзница, имаме грејс период од 7 години, во тие 7 години би се исплаќала само каматата, односно обврзниците кои би биле издадени, додека во 7-та година ќе биде исплатен главниот долг. Се надеваме, односно оптимистичко размислување е дека имаме позитивен тренд на собирање на сериозни приходи во Општина Прилеп. Во последнава година секторот за урбанизам почна да функционира на некој начин и сметаме дека преку такви активности, преку градежни компании и граѓани ќе се соберат одреден број на средства и мислам дека нема да биде проблем сервисирањето, односно отплаќањето на долгот што значи обврзница на градот“, додаде Проданоски.

Според Проданоски обврзницата се издава затоа што СДСМ ја оставил во долгови Општината од 5 милиони евра и ова било единствен начин да се обезбедат пари за капитални проекти.

„Треба да имаме во предвид дека сегашната опозиција пред извесно време, односно до пред неполна година и пол беа власт, овде ја практикуваа власта во локалната самоуправа и ја оставија локалната самоуправа во една сериозна, финансиски незавидна ситуација. При преземањето на власта при крајот на октомври и почетокот на ноември направија анализа и таа сума беше некаде околу 292 милиони денари во долгови. Од тие причини, а и со промените на законите за финансирање и буџетирање на локалните самоуправи се скрати уште една можност, оваа година се очекуваат сериозни приливи во Буџетот, меѓутоа Буџетот за 2023 година беше формиран врз основа на работењето на претходната локална власт, односно за работењето или буџетите за 2019, 2020 и 2021 година, кои беа исклучително слаби по однос на реализација на буџетот. Сметаме дека општина Прилеп и со богатството кое го имаме природно, неисцрпно дека може да се случи во наредниот период, бидејќи како локална самоуправа имаме сериозна дипломатска активност, може да се случи да се отворат нови концесии за ископување и вадење на минерални суровини, како што беше случај во претходниот мандат и сериозни средства да се слеат во општинскиот буџет, со што би можело рокот за отплаќање на оваа обврзница, ако биде дозволено од Министерството и Владата да се сервисира многу порано од оној рок кој е предвиден согласно овој план за развој, односно за емисија на овие хартии од вредност“, кажа Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи