ВИДЕО – Крушево во 2023-та ќе биде спортски и културен центар во Македонија


Крушево во 2023 ќе биде спортски и културен центар во Македонија. Градот ја доби титулата „Град на културата“, а тоа значи голем број културни настани преку целата година, изложби, концерти, театарски претстави. Освен тоа Крушево го очекуваат Светско превенство во змејарство, државни првенства во параглајдинг од 9 европски држави, трофи со теренски возила, аутдор фестивали, пливачки маратон, Балканско првенство во џудо, фудбалски турнири, вело и планинарски тури. Ова лето ќе се бара место повеќе во овој град, а тоа го потврдуваат и самите угостители.

За разлика од ланската година јас лично можам да кажам дека веќе резервациите се при крај за оваа летна сезона, има голем број на резервации, голем број на побарувања.

Дали Крушево има капацитет да ги прими сите овие гости кои се очекуваат оваа година?

Мислам дека ќе има капацитет, а и да го нема тој капацитет мислам дека ќе придонеси да луѓето се поттикнат да инвестираат повеќе во зголемување на сместувачките капацитети. Од изминатите години сите свативме дека Крушево може да живее од туризам“, истакна Мишко Христоски, угостител, издавач на соби.

 

Дел од гостите веќе ги пополнија нашите капацитети, веќе се резервирани, очекуваме и нови најави за престојната сезона посебно во делот на параглајдингот. 80% од гостите се од адреналинските спортови, претежно од параглајдингот“, додаде Љубица Степаноска, менаџер на хотел.

Крушево полека станува една од најатрактивните дестинации во Македонија, односно станува дестинација за 4 сезони. Ако порано Крушево важеше за место каде граѓаните на Македонија доаѓаа само во зима и за 2 Август, или пак за по некој викенд, таа слика веќе одамна е променета. Крушево го најде својот рецепт, иднината ја гледа во развој на алтернативниот туризам.

Оваа година ја развиваме не само локалната економија на градот, туку и регионалната, зборувам за цел пелагониски регион. Ќе имаат бенефит не само подалечните општини како Битола и Прилеп, ќе има и Кривогаштани со тоа што дел од параглајдеристите слетуваат во локалните општини од пелагонискиот регион. Активниот туризам во последните години на светско ниво иди во подем, тоа значи се насочивме онаму каде ги следиме светските трендови, каде привлекуваме таргет групи од тој аспект“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Aлтернативниoт туризам станува моторот за развој на крушевската економија, кој има големи перспективи во иднина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи