На бугарските избори во Прилеп победи Преродба – во Македонија најмногу гласаа за Борисов

Во Бугарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои, според последните податоци објавени од Централната изборна комисија, води коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,67 отсто од гласовите.

Во Македонија се гласаше на седум избирачки места – во Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп. На изборите можеа да гласаат и оние што не се пријавиле, а и оние што имаат и времени патни исправи. Најмногу гласачи имало во Скопје – 185, а најмалку во Тетово – 8.

Вкупниот број бугарски државјани што гласале на овие избори во Македонија бил 452. Најмногу гласови добила коалицијата на Бојко Борисов ГЕРБ-СДС – 143. Коалицијата на Кирил Петков Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) освоила вкупно 127 гласа. По нив следуваат Преродба со 39 и Движење за права и слободи (ДПС) со 35 гласа.

Во Прилеп гласале вкупно 39 лица, и тоа најмногу за:

ГЕРБ-СДС – 5
Преродба – 10
Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – 7
Движење за права и слободи ДПС – 6

Овие избори беа петти по ред во две години откако и по последните избори ниту една партија и коалиција не успеа да формира влада поради што Бугарија функционираше со службена влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи