Прилепската урбана група „New Generation“ издоминира на „Интер Денс Фест Сараево“

Прилепската урбана група „New Generation“ станува бренд, во друшетво со најдобрите клубови. На натпреварот „Интер Денс Фест Сараево“ освоија голем број на награди, меѓу кои и прво место на Нина Димеска во „ХИП ХОП соло Кидс“ и тоа во голема конкуренција. Прво место на Георгина Маркоска во „Poping boogie style“, прво место во Б КЛАС за Илијана Јорданоска во хип хоп, второ место за Ангела Матеска, трето место за Христина Стојкоски  и четврто место за Марија Ангелевска.

Илина Ризовска во најголемата конкуренција во хип хоп А КЛАС стигна до четврт финале. Христина Силјаноска освои прво место во стрит денс јуниор, а пак второ место за Тамара Трајаноска и второ место за Деана Стојческа во Стрит денс деца. Ангела Талеска освои прво место во стрит денс Ц КЛАС.

„New Generation“ освоија и прво место во формација опен категорија и хип хоп деца, KIDS DANCERS SO UNITED EUROPE второ место, SECURITY FORMATION која беше многу професионална и атрактивна  и беше вистинска атракција го освои третото место.

Во стрит денс Ивана Богојевска заврши на второ место, додека Магдалена Еленоска го освои третото место. Трето место во Хип Хоп Трио освоија Мила Вучкоска, Илина Ризоска и Јана Николоска.

Заслужено е да ги спомениме и останатите деца кои беа во формации: Андреа Мицеска, Тајла Кукуњац, Михаела Милошеска, Божица Башеска, Марија Тошеска и Михаела Јованоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи