Христоски ги повикува невработените граѓани со познавање на англиски и шпански јазик да се пријават во Општината

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, ги повикува сите граѓани на Општина Крушево што се заинтересирани за работа и се запишани како невработени лица во Агенцијата за вработување, со познавање на англиски или на шпански јазик и комуникација, со завршено средно или со високо образование.

„Свесни сме дека иселувањето на младите претставува загуба на човечки потенцијал и работна сила кои се две клучни работи неопходни за идниот развој на нашата општина.

Поради комплексната ситуација со која се соочуваат младите, Општина Крушево  имплементира инвестиции кои предизвикуваат долгорочен позитивен ефект врз инклузивноста на младите во домашниот пазар на труд.

Ние сме мала општина, но успеваме да се справиме со предизвиците, да поттикнеме развивање на економијата и систем во кој младите ќе придонесуваат и успешно ќе се остварат во својот живот. Вистински успех е да ни се даде можност да ја покажеме нашата способност и посветеност за обезбедување на квалитетен и достоинствен живот на граѓаните.

Затоа, ги повикувам сите граѓани на општина Крушево кои се заинтересирани за работа и се запишани како невработени лица во Агенцијата за вработување, со познавање на англиски или шпански јазик и комуникација, со завршено средно или високо образование за повеќе информации да ги контактираат следниве телефонски броеви:

– 048/477-061 – Општина Крушево

– 077/973-340 – Јасмина Димоска – вработена во Општина Крушево

Локалната власт допринесува и вложува во младите, во иднината на нашиот град и нашата држава.

Истакнав дека младите како движечка сила на секоја економија и затоа ние како општина поттикнуваме превземање на низа мерки. Создаваме силна економија во која постои шанса за сите млади луѓе.

Бидејќи секој млад човек и е потребен на нашата држава!

Граѓаните мора да почувствуваат и знаат дека државата се грижи за нив затоа што тие се нашата иднина. Тие тоа го очекуваат од нас, тие тоа го заслужуваат.

Нови почетоци за нашите граѓани, нови почетоци за нашата општина!“, истакна на својот Фејсбук профил Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи