ВИДЕО – Квалитетот на живот на младите во Прилеп на ниско ниво, дали нешто ќе промени Локалното собрание на млади?


Партизираноста на општеството како главен критериум за вработување и унапредување во кариерата, немањето на културно забавен живот, немањето на младински центар, ниту билко какви други содржини за младите се едни од главните проблеми на младите во Прилеп кои се причината за нивно масовно иселување. Велат дека квалитетот на животот на младиот човек е на многу ниско ниво, а нивниот глас воопшто не се слуша од институциите, ниту пак младите се вклучени во креирањето на политиките на Општината.

„Моментално состојбата на младите во Прилеп е никаква, многу млади почнуваат да се иселуваат, најмногу ни недостасува забава, културни збиднувања, места каде можат младите да се собираат, едноставно да се дружат и забавуваат, а не само да седиме дома и по социјалните мрежи. Вработувањето е веќе голема пречка која младите ги одбива да живеат во оваа општина, поради тоа што имаме неспособни кадри вработени, младите кои се трудат, кои учат не можат да најдат работа и затоа својата иднина ја бараат во другите општини или надвор од нашата земја“, истакна Филип Стојаноски, претставник на извиднички одред „Феникс“.

 

„Со оглед на тоа што состојбата на младите во Прилеп во последно време е алармантна, бидејќи во целост може да се каже дека за младите нема никаков простор каде да го трошат своето време, каде да ги изразуваат своите таленти, каде да организираат настани. Нема ни голем број на настани кои можат да ги посетуваат во текот на годината“, кажа Елена Николоска, претставник на „Детска амбасада за сите Деца во светот“.

Токму за да се надминат сите овие проблеми и да се зголеми комуникацијата на младите и Општината се формираше Локално Собрание на млади на Општина Прилеп, составено од млади членови на повеќе политички партии, како и млади од граѓанскиот сектор.

Едно нешто кое Општината може да го направи е да ги сослуша, да ги вклучи во активностите и да бидат дел од одлуките и процесот кој го води Општина Прилеп“, рече Гоце Бумбароски, Службеник за млади во Општина Прилеп.

 

Со ова го одржуваме и континуитет за задржување на младите, да ги задржиме нивните капацитети успешно во Република Македонија, да ги покажат своите доприноси, квалитети, со цел за едно активно учество на младите на ниво на општественото живеење“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Според најавите следна фаза ќе биде формирањето на Локален Младински Совет и Младински центар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи