Искуствено учење во движење за младински работници

Од 19 до 25  март, претставници на Лаг Агро Лидер зедоа учество во мошне интересна, динамична и иновативна обука, во рамките на проект “Experience(d) Youth Work” во италијанскиот регион Пуглија.

Идејата, сите реализирани работилници, како и спроведени методологии  поврзани беа со искуственото експериментално учење во движење. Целиот проект, осмислен како неколкудневна обука во печашење, реализиран беше по позната историско-рекреативна тура Камино Матерано (Cammino Materano), односно сите 18 учесници и ментори, испечашија околу 80 километри за 3 дена. Попатно реализирани беа серија активности и обуки поврзани со искуственото учење за млади, нови методи за неформално образование, стратегии за развој на рекреативен туризам итн.

Меѓународната 5-дневна обука намената беше за младински работници кои непосредно работат со млади луѓе од групи за инклузија во неразвиените и руралните средини. Темелната обука, насочена беше кон размислување за предизвиците и можностите за работа со млади луѓе со ограничени можности, како и на споделување на практики и знаења за работа со истите. Постојаното движење го поврза физичкиот и менталниот процес на учење, ги подобри вештини за документирање на неформалното учење, при што беа реализирани, подредени и промовирани иновативни методи на младинска работа кои можат да се применуваат со инклузивни младински групи. Посебен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат луѓето со помалку можности, имигрантите, лицата со попреченост, социјално исклучените и други групи.

Освен градот Молфета, од каде започна ова патешествие, учесниците ги посетија градовите Гравина и  Алтамура, вкусија и подготвија многу вкусна храна заедно со локални средни училишта, локални фарми и индивидуални стопанства. При откривањето на италијанските гратчиња учесниците размислуваа и дебатираа за локалниот одржлив развој, културната инклузивна соработка и размена, животот во движење, заштитата на природата, младинската вклученост и сл.

Проектот е кофинансиран и имплементиран од Европската Унија во рамките на програмата Еразмус +. Лидер на проектот е Associazione InCo од Италија, а останатите партнери се: Patras Youth Club (Грција), NGO “Youth Mix” (Ерменија),  MTÜ Noored Ühiskonna Heaks (Естонија), Kucukcekmece Municipality (Турција), Inednet (Ерменија) и Vzw Elegast (Белгија).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи