Кривична за прилепчанец поради коментар на Фејсбук

Прилепчанец ќе одговара кривично, поради напишан коментар на објава на Фејсбук. Со него поттикнувал насилство и омраза, велат од МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„Тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство“, стои во соопштението на полицијата испратено до медиумите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи