ВИДЕО – Конеска: Наместо инвестиции во прилепската болница има само партиски вработувања


Дозволете најпрво по повод денешниот ден 7ми април, Светскиот ден на здравјето, да им го честитаме празникот на сите здравствени работници во Република Македонија. Неспособноста на СДСМ и централната власт немаат крај. Тоа го покажаа и докажаа во изминатите 6 години во кои им го потрошија залудно времето на граѓаните, додека државата уназадува на секое едно поле, Мирјана Конеска, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференција – 07.04.2023

Почитувани,
Дозволете најпрво по повод денешниот ден 7ми април, Светскиот ден на здравјето, да им го честитаме празникот на сите здравствени работници во Република Македонија.
Неспособноста на СДСМ и централната власт немаат крај. Тоа го покажаа и докажаа во изминатите 6 години во кои им го потрошија залудно времето на граѓаните, додека државата уназадува на секое едно поле.

Како установа која потпаѓа под централната власт, не изостанува во сето ова и прилепската болница. Речиси секоја година се предвидува реконструкција на неонатолошко и инфективно одделение, а непобитен факт е дека реконструкција на овие одделенија нема. Најверојатно ќе слушнеме уште една ЌЕ изјава дека ќе се инвестира во овие одделенија, дека се опфатени во планот за јавни набавки и така натаму, нешто веќе видено и чуено многу пати досега.

Изостануваат инвестициите во апаратура што ќе придонесе за подобра и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните. Изостануваат поголеми проекти и вложувања во прилепската болница чии услуги ги користат над 100.000 жители од регионот.

И наместо ваквите инвестиции да бидат тема на разговор меѓу прилепчани, нашите сограѓани уште се прашуваат за случајот со починатата пациентка за која ниту еден од одговорните во прилепската болница не собра храброст да излезе во јавност и да обелодени што се случи?

Ја повикуваме директорката Кети Смилеска, да го погледне планот за јавни набавки од 2023 година, да направи анализа и нека наброи за што се’ не се спроведени јавни набавки? Дали можеби се води некаква политика на „штедење“, a сето тоа на штета на граѓаните кои бараат поквалитетни услуги, услуги за кои нема да бидат приморани да одат во соседните општини или во главниот град?!

Изгледа единствената работа со која се занимаваат во СДСМ се вработувањата на секаков кадар, а често пати и непотребен, што не е исклучок и болницата. Замислете при последните вработувања во болницата, од вкупно 57 нови вработувања, само 7 се доктори, 10 медицински сестри, 20 болничари и дури 20 лица се друг административен и помошен персонал.

Трибините кои ги организаираат од СДСМ, нема да придонесат за подобро здравство. За колапсот кој СДСМ го создаде во здравствениот систем, не требаат трибини, а најмалку говорници како Венко Филипче, туку треба засукување на ракавите и вистински реформи. Затоа е потребна итна смена на централната власт. Граѓаните не заслужуваат ваква негрижа и игнорантски однос!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Петок, 07 април 2023

„Како установа која потпаѓа под централната власт, не изостанува во сето ова и прилепската болница. Речиси секоја година се предивдува реконструкција на неонатолошко и инфективно одделение, а непобитен факт е дека реконструкција на овие одделенија нема. Најверојатно ќе слушнеме уште една ЌЕ изјава дека ќе се инвестира во овие одделенија, дека се опфатени во планот за јавни набавки и така натаму, нешто веќе видено и чуено многу пати досега.

Изостануваат инвестициите во апаратура што ќе придонесе за подобра и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните. Изостануваат поголеми проекти и вложувања во прилепската болница чии услуги ги користат над 100.000 жители од регионот.

И наместо ваквите инвестиции да бидат тема на разговор меѓу прилепчани, нашите сограѓани уште се прашуваат за случајот со починатата пациентка за која ниту еден од одговорните во прилепската болница не собра храброст да излезе во јавност и да обелодени што се случи?

Ја повикуваме директорката Кети Смилеска, да го погледне планот за јавни набавки од 2021, 2022 и 2023 година, да направи анализа и нека наброи за што се’ не се спроведени јавни набавки? Дали можеби се води некаква политика на „штедење“, a сето тоа на штета на граѓаните кои бараат поквалитетни услуги, услуги за кои нема да бидат приморани да одат во соседните општини или во главниот град?!

Изгледа единствената работа со која се занимаваат во СДСМ се вработувањата на секаков кадар, а често пати и непотребен, што не е исклучок и болницата. Замислете при последните вработувања во болницата, од вкупно 57 нови вработувања, само 7 се доктори, 10 медицински сестри, 20 болничари и дури 20 лица се друг административен и помошен персонал.

Трибините кои ги организаираат од СДСМ, нема да придонесат за подобро здравство. За колапсот кој СДСМ го создаде во здравствениот систем, не требаат трибини, а најмалку говорници како Венко Филипче, туку треба засукување на ракавите и вистински реформи. Затоа е потребна итна смена на централната власт. Граѓаните не заслужуваат ваква негрижа и игнорантски однос!“, рече Конеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи