Комфи Ангел со донација на перници, јоргани и чаршафи за сите 400 кревети во прилепската болница


На иницијатива на менаџерскиот тим и косопственичката на Комфи Ангел Ирена Јакимовска денес по повод 7-ми април Светскиот ден на здравјето беше врачена донација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп. Донацијата на една од најопштествено одговорните компании од Прилеп се состои со комплетно опремување за со перници, јоргани и чаршафи за сите 400 кревети, колку што изнесува капацитетот на лежечки болнички места во прилепската здравствена установа.

Директорката на болницата Кети Смилеска, честитајќи го Светскиот ден на здравјето на сите вработени во болницата и сите здравствени работници им порача како и досега така и отсега да се вложат максимум во грижата на своите пациенти. Заблагодарувајќи се на се што компанијата Комфи Ангел прави за болницата низ годините наназад Смилеска апострофира дека соработката продолжува и преку оваа донацијата ќе се овозможат подобри услови за пациентите. Во исто време Смилеска упати апел примерот на Комфи Ангел да го следат и другите компании од бизнис секторот од Прилеп со соодветна општествена одговорност се со цел подобрување на условите и комплетниот амбиент во болницата.

Од својата страна во своето обраќање Јакимовска им го честиташе денешниот празник на сите вработени во Болницата и на сите здравствени работници. Таа апелираше на поголема почит кон здравствените работници од нашите сограѓани затоа што, како што рече, тие се тие кои се упатени да се грижат за нашето здравје. Вистинската благодарност произлегува од Комфи Ангел фо болницата, а причината е како што нагласи Јакимовска случајот на вработен од компанијата кој со тешки повреди бил примен во прилепската болница од каде со лекарската грижа и максималниот ангажман на тимот за транспорт предводен од д-р Давид Јованоски бил префрлен на Клиниката за Карил каде под надзор на д-р Маја Мијовска Мојсовска бил спасен неговиот живот и тој повторно е вратен во и ќе продолѓи да биде дел од компанијата.

Вредноста на донацијата е околу 12.000 евра. Покрај за прилепската болница Комфи Ангел на празникот на здравствените работници иста ваква донација намени и за КАРИЛ клиниката од Скопје.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи