ВИДЕО-Одгледувачите на јагниња незадоволни од откупната цена, за граѓаните пак 500 денари за јагнешко е многу


Македонските одгледувачи на јагниња не се задоволни од годинашната цена која достигна околу 200 до 210 за килограм жива мера, и која во споредба со регионов била најниска. Според нивните информации во околните држави јагнешкото се откупувало и за 6 до 7 евра за килограм. Иако 80% од јагнињата се откупиле и завршија на странските пазари, како Италија, Хрватска и дел Грција, сточарите велат дека ова само ќе придонесе за намалување на сточниот фонд, кој и онака бил неколкупати десеткуван последниве години поради несоодветните политики. Веќе со години немало отворено ново одгледувалиште за овци во Македонија.

Ако вака продолжи скрос ќе се заврши со сточниот фонд, нешто со субвенциите што ги зедовме вака се подзадржа, ама тешка ситуацијата ќе биде. Веќе нема млади, нема сточари, ниту едно РБО во Македонија нема ново отворено“, кажа Марјанчо Стојаноски, потпретседател на здружение на сточари „Орлови бари“.

Кланична индустрија пак со спротивен став, дека дури оваа цена им била висока на откупувачите.

„Спрема минатата година, оваа година извозот на македонското јагне е послаб, најмногу поради цената, висока е цената, не одговара за извозниците, ни за купците во Италија и Хрватска“, рече Тони Павлоски, кланична индустрија.

Пред месарниците пак гужви, но само за јагнешки џигери, за месо малку потешко. Килограм јагнешко се продава од 500 до 550 денари. Граѓаните поделени околу тоа дали овој Велигден ќе си дозволат јагнешко за трпезата.

500 денари е килограм јагнешко, па ќе си поминеме со џигерчиња за Велигден, тоа е. Пензијата 12.000 денари не стасува за лекарства“, кажа еден граѓанин.

 

Прашав, 500 денари, па ќе скратиме од пензиите и ќе имаме за Велигден јагнешко“, додаде друг граѓанин.

 

Гледам се туркаат за јагнешки џигерчиња и едно главче.

 Вие ќе купите јагнешко за Велигден?

 Не, нема шанси, од каде пари со пензијата“, истакна трет граѓанин.

 

Зедов малку, што да правиме, 500 денари килограм, тоа е“, се надоврза друг граѓанин.

 Некој за Велигден ќе си помине со главчиња и џигери, некој со јагнешко месо, но сите се согласни дека цената од 500 денари за килограм јагнешко е превисока за нашиот стандард, кој тешко може да го фати ритамот со скапите трошоци за живот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи