ВИДЕО – Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“, прво место во светот на Hippo 1 во пишување есеи


Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Hippo, во новоформираната категорија за пишување на есеи. Златаревска вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не и било прв пат да биде учесник на Hippo, но за прв пат освојува награда.

„Првата година кога учествува не влегов во полуфинале само за пола поен. Иако се чувствував тажно, сепак зедов храброст и реков дека додека не успеам нема да престанам да учествувам. Оваа година пак учествував во натпреварот Хипо и пак не влегов во полуфинале за 1.5 бода. Пак бев малку тажна, но кога дознав дека сум прво место за есеи, сепак бев среќна“, рече Софија Златареска, ученичка од ООУ „Климент Охридски“.

Есеите биле со тематика поврзана со искуствата на децата со учеството на Hippo натпреварите. Целиот есеј на Златареска бил пововрзан со Вања Ѓорѓиоски, исто ученик од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кој лани на овој натпревар го освои првото место на светското финале кое се одржа во Рим, Италија.

„Ми даде мотивација за јас ако не поминам оваа година, сепак секогаш имам друга година за да учествувам. Тој ми беше мотивација за да учествувам“, додаде Златареска.

Нејзината менторка, наставничката Зорица Трајаноска особено горда на овој успех на Златаревска.

„И целта на организаторите е да создадат книга со сите есеи од учесниците на Хипо, кои потоа ќе користат и на учениците и на наставниците како наставно средство и за да се детектираат можеби позитивните и негативните искуства со натпреварот, па и да се види каде можеби учениците прават грешки, да се насочат и да се работи во правец на подобрување на англискиот јазик“, истакна Зорица Трајаноска, наставничка во ООУ „Климент Охридски“.

Со сите овие награди на светско ниво, ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп докажува дека е вистински расадник за млади таленти кои одлично го познаваат англискиот јазик.

„Сакам само да напоменам дека оваа не е прва награда од светски ранг за училиштето, претходно беше Вања и неговиот огромен успех во Италија. И со тоа радува фактот што станавме поим за јазици како училиште, а тоа е доказ дека имаме висококвалитетен кадар“, изјави Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“.

Ученицитен од ООУ „Климент Охридски“ ги собраа скоро сите награди и на општинскиот натпревар по англиски кој се одржа пред 3 недели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи