Изминатава недела во Општина Кривогаштани се асфалтираа три улици во три населени места, во Кривогаштани дел на улица „Македонски Просветители“, во населеното место Пашино Рувци дел од улицата „Борис Трајковски“ и во населено место Боротино улицата „Методија Патчев“.
„Овие улици за прв пат се асфалтирани. Проектот за асфалтирање на овие улици е преку Центар за развој на Пелагониски плански регион. Вредноста на овие инвестиции изнесува 4.263.500 денари. Сепак ние нема да се застане само со реализација на овие проекти, во наредниов период се планира да се реализираат уште многу проекти кои се значајни за сите жители на Општината“, велат од Општина Кривогаштани.