ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ организираше „Велигденски панаѓур“

Со подигање на знамето и со интонирање на химната на Република Македонија започна овогодинешниот велигденски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“.

„Во пресрет сме на големиот христијански празник Велигден-Христовото воскресение. Тоа е празник над празниците, празник на светлината, љубовта, верата, надежта, спокојот, мирот, празник кој сите го очекуваме и си посакуваме здравје и бериќет. Чествувајќи го големиот христијански празник нашето училиште организираше „Велигденски панаѓур“ во училишниот двор“, велат од ООУ „Кире Гаврилоски Јане“

Изработките од страна на учениците, во соработка со Советот на родители ќе се продаваат, а собраните средства, со кои раководи самиот Совет, ќе бидат искористени за потребите на учениците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи