ВИДЕО – Крушево преполно со гости за Велигденските празници


90% од капацитетите во Крушево се исполнети за Велигденските празници, како во хотелите, така и во приватното сместување. За разлика од лани бројот на туристи бил зголем досега за 30-тина проценти. Според уплатата на туристичката такса од Нова Година до денес Крушево го посетиле 15.000 гости, но таа бројка реално е далеку поголема. Угостителите се надеваат дека ова ќе биде само почеток на успената сезона.

Се очекува поголем прилив на гости за празниците, бидејќи преку 90% се букирани сите смештаи. Полека почнува сезоната, почнуваат да доаѓаат и летачи, така да се надевам дека ќе почнеме да одиме нагоре“, вели Жан Здравески – Шапе, угостител.

Гости има од сите краеви на Македонија и од странство.

По потекло сум од Штип, но живеам во Шведска, па донесов мои пријатели од Шведска, од Малме да го видат Крушево“, вели еден гостин во Крушево.

 

„Јас сум од Шведска, по потекло од Германија, за прв пат сум тука, пристигнавме вчера, па се надевам дека ќе научам повеќе за градот“, вели една туристка од Шведска.

Крушевчани велат дека се подготвени да ги печекаат сите гости, со нивното познато гостопримство, уникатните обичаи, традицијата и вкусната храна.

Подготвени сме да ги пречекаме гостите со се и сешто, со благо, со триста чуда“, кажа една крушевчанка.

 

Подготвени сме да ги пречекаме сите гости од надвор и да се задоволи градот со гостите“, додаде друг нејзин сограѓанин.

 

Нека дојдат, Крушево е отворено, убаво, има што да понуди, добра природа, културни знаменитости“, истакна трет крушевчанец.

Инаку Крушево во 2023 ќе биде спортски и културен центар во Македонија, се очекуваат гости како никогаш досега. Градот ја доби титулата „Град на културата“, со голем број културни настани, а ова лето ќе има и Светско превенство во змејарство, 9 европски државни првенства во параглајдинг, Балканско првенство во џудо.и многу други спортски натпреври.

Ќе заклучиме успешна сезона 2023 година со зголемен број на посетители, од сега предвидуваме преку 40 до 50% во споредба со минатата година“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Aлтернативниoт туризам станува моторот за развој на крушевската економија, кој има големи перспективи во иднина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи