По повод овој голем ден, Христовото воскресение – Велигден на сите наши сограѓани, православни христијани им посакувам многу здравје, среќа и бериќет, им посакувам во мир и благосостојба да ги поминат претстојните Велигденски празници заедно со своите семејства.
Големиот христијански празник Велигден ни дава можност да шириме љубов и позитивна енергија, да се грижиме и правиме добри дела, да ја чуваме традицијата, да го негуваме културното и историското наследство, да ја негуваме верата и да бидеме сплотени во зачувувањето на нашиот македонски идентитет.
Вербата и искреноста имајте ги во вашите души не само за овој празник, туку во текот на целиот ваш живот, сакајте се, простувајте и во Бога верувајте.
Ви го честитам Велигден и ви посакувам да го поминете во прекрасна топла атмосфера со своите фамилии.
Христос воскресе – навистина воскресе! Честит Велигден!
Градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески