Планинарска дружба по Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски

По втор пат Прилепски Планинари Авантуристи ја организираат планинарската дружба по Селечка Планина во чест на градителот на планинарскиот дом Томе Темелкоски.

Станува збор за средно тешка тура која посетува голем број на познати локалитети на Селечка Планина и која нуди одлични погледи со пејсажи кон Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово, Солунска Глава, Прилеп.

Оваа година оваа дружба ќе има и хуманитарен карактер за обнова и санација на домот кој е во доста лоши услови. За тоа во самиот дом на денот на маршот ќе биде поставена донаторска кутија за сите сретства бидат наменети за самата обнова која ќе се обвива етапно со помош на планинарите од Прилеп.

Повеќе за планинарската дружба на овој ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи