ООУ „Климент Охридски” во Прилеп уште еднаш покажа дека може да се носи рамо до рамо со најдобрите училишта не само во Македонија, па и пошироко. После цели 6 децении подрумскиот простор е уреден во современи училници, кабинети, спортска сала и простории потребни за персоналот на училиштето.
„Тоа што беше изминатите 60 год сметилиште и отпад,го направивме наредните 60 години да биде радост на секој ученик што ќе се школува тука. Зборовите се зборови, објаснувањата се објаснувања, ветувањата се ветувања, а само исполнувањето е реалност. Покровител е локална самоуправа на чело со градоначалникот на општина Прилеп“, напиша на својот ФБ профил директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.