ВИДЕО – Од ѓубриште до училници по европски терк – „Климент Охридски” уште еднаш докажа зошто се најдобри


ООУ „Климент Охридски” во Прилеп уште еднаш покажа дека може да се носи рамо до рамо со најдобрите училишта не само во Македонија, па и пошироко. После цели 6 децении подрумскиот простор е уреден во современи училници, кабинети, спортска сала и простории потребни за персоналот на училиштето.

„Тоа што беше изминатите 60 год сметилиште и отпад,го направивме наредните 60 години да биде радост на секој ученик што ќе се школува тука. Зборовите се зборови, објаснувањата се објаснувања, ветувањата се ветувања, а само исполнувањето е реалност. Покровител е локална самоуправа на чело со градоначалникот на општина Прилеп“, напиша на својот ФБ профил директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи