ВИДЕО – Пустош на шумите во прилепско, само 20% од целата територија на Општината е под шума


Поради масовното дрвокрадство и помал дел климатските промени и пожарите, во Прилеп останаа само 20% шуми од вкупната територија на Општината. Според параметрите на шумарските експерти, таа бројка не треба да биде помала од 50%. Според некои проценки на шумското стопанство Црн Бор ако тие годишно сечат околу 10.000 метри кубни на дрва, исто толку, ако не и повеќе се крадат дрва. Тоа е криминал од невидени размери кој тотално ги опустоши општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Од ЈП „Црн Бор“ бараат државата да преземи поригорозни мерки за казнување на дрвокрадците.

Акцијата „Гора“ како акција беше многу добра, треба такви акции редовно да се преземаат. Најголем непријател на дрвокрадството би бил самиот менталитет на луѓето, сите се лажеме по цената, цената на тие дрва е пониска, меѓутоа и дрвната маса не е таа што е ветена да се испорача. Ако менталитетот на граѓаните се сведи да ние не сакаме такви дрва, тогаш дрвокрадците нема на кого да му продаваат“, истакна Пецо Јовески, раководител на прилепската подружница „Црн Бор“ на ЈП Национални шуми.

Најголемите пустошења се во теренот на Дервен, по стариот пат Прилеп-Велес, на Плетвар кај селата Дрен-Смолани-Царевиќ и во Долненска Општина.

Кога некој оддел за сеча го даваме да се сечи и таа фирма која сака да го сечи одделот ја носиме на терен да ги види каде се дрвата и кога ќе појдеме пола од тој оддел е веќе пресечен“, додаде Јовески.

Исто така требало и започнување на нов пристап во пошумувањето. Од сите досегашни акции спроведени за пошумување многу малку дрва биле фатени. Прво затоа што се саделе на несоодветни места и второ се пошумувало со дрва кои сега не успеаат.

Ние треба стриктно да се определиме за пошумување на оние локации каде најдобро ќе успее дрвниот вид и да се оди со дрвен вид за пошумување кој за сегашни климатски услови најмногу успева“, истакна Јовески.

Шумите ги уништува и Боровиот четник кој воопшто не се третира со авионско прскање од страна на државата. За 30 години во Македонија аеротретирање на шумите се случило само 5  пати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи