Баба Спасија Белеска, од селото Крушеани, во Општина Кривогаштани денеска наполни 100 години. Родена е на 23.04. 1923 годинас во селото Свето Митрани, од татко Секула и мајка Ордена. Во фамилијата биле 5 деца од кои денес само таа е жива. Се омажила 1943 година во с. Крушеани за Александар Белески со кого имаат 6 деца и од нив има 13 внуци. Спасија Белеска е еден од најстарите жители во прилепско-кривогаштанскиот регион, па и пошироко. Нејзиното семејство денеска пригодно и го одбележа роденденот. Редакцијата на Инфо Компас и го честита роденденот и ѝ посакува многу здравје.