На 23.04.2023 година во Ниш Србија се одржа Меѓународен Турнир во џудо „Вук-опен“ – 2023 во организација на ЏК ВУК – Ниш. На овој Турнир учество зедоа околу 250 Џудисти од 4 држави: Србија, Македонија, Бугарија и Романија.
ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 7 натпреварувачи а освоени се 6 медали (4 сребрени и 2 бронзени).
Резултати поединечно:
Пионерки:
- Теодора Илиоска 2-ро место;
- Тамара Илиоска 3- то Место;
Кадетки:
- Елеонора Илиоска 2- ро место;
Кадети:
- Борис Џагадуроски 2-ро место;
- Јован Стојановски 3-то место;
- Никола Магдески 2-ро место;
Одлични борби кај кадетите прикажа и Михаил Димоски но не успеа да избори место на пиедесталот. Со ова ЏК Сеишин Прилеп во севкупна конкуренција на турнирот го освои 13 место од вкупно 33 Клубови. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески.
Стручниот тим на клубот е задоволен со остварените резултати и продолжува со подготовка за престојните Државни Првенства за Сениори и Пионери кои ќе се одржат во Скопје наредниот викенд.