Фудбалерките на ЖФК Деспина нападнати во Македонска Каменица

Женскиот фудбалски клуб ЖФК Деспина од Прилеп преку соопштение до јавноста истакна дека нивните фудбалерки прво вербално, а потоа и физички биле нападнати од страна на фудбалерките на ЖФК Каменица, нивниот тренер и неговата сопруга.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Фудбалерките на ЖФК Деспина физички нападнати по завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица. Почитувана спортска јавност пред два дена се случи најтрагичниот и најмизерен настан во женскиот фудбал во Македонија во кој очигледно службените лица го штитат женскиот фудбалски клуб Каменица Саса.

Имено, по завршување на полуфиналниот Куп натпревар одигран на 25 април од 12:00 часот физички и вербално беа нападнати фудбалерките на ЖФК Деспина од страна на фудбалерките на ЖФК Каменица и нивниот тренер. Наместо нивната фудбалерка која е повредена пред скоро два месеци, и сега излегува со паушални изјави и невистини, а пред два дена беше главен креатор и иницијатор на нападот на нашите фудбалерки заедно со нивниот тренер и неговата сопруга која не е службено лице, а беше присутна во службени простории за да напаѓа физички и вербално, навредува и омаловажува фудбалерки од по 16 и 17 години.

Зошто повредената фудбалерка Мила Талевска која се здоби со повреда на 5 март во Прилеп по скоро два месеци излегува со лажни изјави и обвиненија кои ќе треба да ги докаже и пред надлежни органи по портали кои шират невистини и лаги обвинува дека намерно е повредена, а истата фудбалерка на Куп натпреварот од 25 април физички и вербално ги напаѓа фудбалерките на нашиот клуб со помош на нејзиниот тренер, неговата сопруга и нивниот капитен.

Од преносот на натпреварот од 25.04.2023 година од кој имаше пренос се слуша како членови на домашната екипа викаат кон нашите фудбалерки ги навредуваат им се заканунаат како на пример: Убијте ги, ќе гори Прилеп, скршете ѝ ја ногата, нема да излезете од тука.

По повредата на фудбалерката на ЖФК Каменица во Прилеп на 5 март која со брза помош е пренесена во Прилепската болница и ѝ е пружена потребната нега и помош, по завршување на натпреварот тренерот на нашата екипа Стеван Талески и капитенот Кате Милеска одат по налог на претседателот на клубот во прилепската болница за да ја видат состојбата на повредената фудбалерка Мила и да изразат жалење за немилиот настан.

Нејзината фрустација и испади кои ги направи во Каменица на 25 април не може со никакви лажни изјави и комертари дека намерно е повредена, да ги прикаже како вистинити, бидејќи за сè има видео записи.

Жално и срамно е што и Комисијата за женски фудбал молчи и ја штити екипата од Каменица, за што ние ќе доставиме и соодветна пријава за овој немил настан.

Исто така следува видео од 26 секунди како повредената фудблерка на ЖФК Каменица пред два дена коментира и нè навредува во Каменица. Сакаме да прашаме зошто нема видео од натпреварот од 25 април помеѓу ЖФК Каменица и ЖФК Деспина бидејќи истиот видео запис од натпреварот кој одеше во живо е тргнат од страна на ЖФК Каменица од нивниот Youtube канал, а каде се слушаат само навреди, пцовки, закани кон нашите фудбалерки ?!?!!?“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи