Општина Прилеп денес го потпиша договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици

Општина Прилеп денес го потпиша договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп.

„Имајќи ја во предвид состојбата во која се најдуваат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години. Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска година. Со оваа рехабилитација на над 60 улици како што е нашиот план и подобрувањето на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите граѓани корисници во сообрајќајот.

Ова е само почеток на градежните активности за голем број на проекти кои што ќе се реализираат во оваа година. Нашата цел останува иста, работиме и ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на нашите сограѓани“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи