ВИДЕО – „Шарената приказна“ на прилепскиот уметник Вељо Лучески продолжува да се шири Македонија и светот


„Шарената приказна“ е името сликите или проектот на прилепскиот уметник Вељо Лучески кој што го започнал во 2015 година и контиунуирано трае се до денес. Сликите во 3Д формат се изработени од парчиња дрво, кои Лучески ги наоѓа или во дрварските работилници или пак некои сам ги прави. Вели дека на почетокот годишно правел од 50 до 70 слики, а сега бројката на годишно изработени вакви дела била 4 цифрена. Оваа уметност ја пренел тука од Хрватска.

Идејата е видена на интернет од Хрватска, само е изменета затоа што во Хрватска сосем други природни материјали има, таму ги користат материјалите што ги исфрла морето, кај нас ние немаме море па така е видоизменета малку, во мој стил додадено. Дури е интересно што јас го прашав авторот дали можам, што ретко тоа се случува, обично се крадат идеи, беше дури и зачуден, вика зошто ме прашуваш, тоа е нешто што може секој да го прави“, истакна Вељо Лучески, уметник.

Овие слики ги изработувал од 30 минути најмалата, па се до 1 час, најголемата, додека пак големите формати, како оваа ги изработува исклучиво по порачка. Своите дела ги продава најмногу во Битола, Охрид и Скопје, многу малку преку интернет.

Овие слики се генерално од дрво изработени, како што реков идејата почна со природни материјали, сега само на некои слики го има тоа. Во почетокот овие елементи беа од столарски работилници набавувани и вклопувани во една езерско-морска приказна, но со текот на годините имав желба да сменам нешто, да не биде монотоно, така да сега со овие овие апликации на месечинки, сонциња и тие работи се овие две години актуелни и доста барани од муштериите.

Оваа рамката јас самиот ја сечев на машина, па оние отпадоци и остатоци ги користам тука. Обоена е со водоотпорна акрилна боја, го задржува со години истиот сјај и така добиваме една интересна шарена приказна полна со бои, која на задоволство мое и на клиентите шири радост, топлина и добро оди. Најголемата продажба е директна, штандовска продажба, имаме штандови во Битола, Охрид и во зима ни организира Занаетчиската комора базари за ракотворци во ГТЦ.

Преку интернет не многу, затоа што сликата на интернер не може да се долови овој момент, оваа техника на 3Д, изгледа како обична слика и затоа најголемата продажба е непосредна, вистинската убавина на сликата е кога ќе се види во живо“, додаде Лучески.

Освен со 3Д модели на овие слики во последно време започнал да се занимава и правење на магнети со мотиви од Охрид и Битола, како и глинени сувенири, во вид на бран од Охридското езеро.

Увидов дека немаат некои магнетчиња, некои помали сувенири автентични и рачна изработка, обично се кинески. Дојдов на идеја, тие битолските супер поминуваат кај туристите, атрактивни се, туристите ја ценат рачната изработка пред се. Имаме тука и охридски модели, тие се специјална нарачка, овие се за широка продажба.

И тие се дрвени?

Да, исклучиво дрво, претежно дрво работам, освен тој пробниот сегмент со глината.

Тоа сакав да ве прашам, ова е нешто најново од ваша страна, односно изработка од глина?

Да тоа чисто сакав да пробам, ми изгледаше интересно и атрактивно глината и успеав, јас сум задоволен.

Со мотиви од Охрид?

Да тоа се мотиви од Охрид, замислено е бран, охридската архитектура, бродчиња, сонца, но за жал се уште не ми се пуштени во продажба затоа што се специфични, тие мора да се продаваат исклучиво во продавници, но и немање сега за сега на време, затоа што глината бара повеќе време за работа“, кажа Лучески.

Лучески вели дека сега е во потрага по локација за дуќан, надвор од Прилеп, каде би ги изложил своите производи, а муштериите би имале непосреден контакт со неговите дела и неговата работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи