ВИДЕО – Во Прилеп одбележани 120 години од смртта на Гоце Делчев и 111 години од смртта на Пере Тошев


Денеска во Прилеп се одбележаа 120 години од загинувањето на Гоце Делчев и 111 години од загинувањето на Пере Тошев – македонски револуционери и национални херои. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“, како и на гробот на Пере Тошев во црквата Свето Благовештение и неговиот споменик во центарот на Прилеп.

„Во присуство на членови на неговото семејство, наследници, во присуство на градоначалникот на општина Прилеп и ние како советници од Советот на Општина Прилеп оддаваме достојна почит за овој великан од Прилеп, покрај Ѓорче Петров и тој е еден од најважните и најзначајните ликови кој го дал Прилеп. Како и низ целиот развој на историјата, до ден денешен Прилеп секогаш давал видни херои и борци, како за слобода, така и за унапредување и напредок на оваа наша држава.

Искрено сум горд што во 1996 година од Дреновската клисура, токму овде во дворот на најстарата црква во градот, во црквата Свето Благовештение се донесени моштите на овој прилепски и македонски великан кој е едно од најзначајните имиња во македонската историја.

Да им порачам на сите Македонци да го чествуваат и празнуваат овој ден, затоа што е еден од најважните во развојот на нашата Република Македонија. Покрај нив, денеска се слави и 4 Мај, како денот од 120 години од загинувањето на великанот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. Бевме и во основното училиште кое го носи неговото име и таму се спрема значајна програма за одбележување на овој светол ден од нашата историја“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи