Отворена презентација за препознавање и заштита од дискриминација во Кривогаштани

На 10ти мај 2023 година во општина Кривогаштани имаше отворена презентација за локалното население за препознавање и заштита од дискриминација.

Претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за заштита од дискриминација ја презентираа работата на овие тела кои активно делуваат за еднаквост и недискриминација и начинот на кој ефективно може да се оствари заштитата од дискриминација, но и начините на кои дискриминацијата може најсоодветно да се превенира.

Граѓаните преку разговор со претставниците на овие тела  разговараа за проблемите во нивната заедница, дали постои дискриминација, каде би можеле да добијат правен совет и помош за заштита од дискриминација, како може да пристапат до бесплатна правна помош, и што ние сите можеме да направиме за спречување и заштита од дискриминација.

На настанот беше презентирана брошурата „ ТВОЈОТ ГЛАС Е ВАЖЕН. РЕАГИРАЈ И ПРИЈАВИ ДИСКРИМИНАЦИЈА! “ која детално дава одговори на прашањата поврзани со дискриминацијата како препознавањето на разните видови и форми на дискриминација, и информации за механизмите за спречување и заштита од дискриминација.

Јавната презентација е дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“, спроведуван од Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Општина Кривогаштани, а поддржан од Цивика Мобилитас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи