Груби: Дојде крајот на заложништвото и блокадите, ниту Свети Мицко не може да го запре овој проект

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска, од обраќањето во Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д, порача дека е дојден крајот на заложништвото на иднината на граѓаните и на блокадата на европското интегрирање на државата.

„Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој проект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“, потенцира Груби.

Како што истакна Груби, сите треба да се подготват и да се качат на овој воз што вози кон Брисел, кој нема никој да го сопре.

„Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложнштвото и блокадата, така од денес, при изградбата на вакви инфраструктурни проекти, упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај на блокадата на нашето европско интегрирање. Тој проект е почнат со партнерите од коалицијата и никој нема да му застане на патот“, рече вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи