Денеска (17.05.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево, при СВР Битола, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност од кампањата – „Не зборувај на мобилен додека возиш“.
„Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Крушево, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската која ја имаат како возачи – да не користат мобилен телефон додека возат. Истовремено беше укажувано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма. Покрај тоа, а во рамки на активноста од страна на полициските службеници на возачите беа делени и едукативни печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, во интерес на својата лична, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, информираат од СВР Битола.
162