Со сеќавања на крушевскиот маестро Никола Мартиновски и концерт на Камерниот оркестар на Битола започнува Крушево – град на културата за 2023

Крушево се подготвува за еден голем настан, кој ќе означи успешна и плодна година во полето на културата, традицијата и историјата, односно Крушево и официјално стана Град на културата за 2023.

Културно патување започнува на 26 мај 2023 со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево, односно со „Сеќавања на крушевскиот маестро Никола Мартиновски – уметничкото патување на големиот уметник“ кој ќе се одржи во галеријата „Никола Мартиновски“. Настанот потоа продолжува со „Безвременска хармонија – концерт на евергрини на Камерниот оркестар на Битола, во придружба на хор и единаесет солисти“ кој ќе се одржи кај комплексот Македониум.

„Подгответе се да се нурнете во целогодишната прослава на уметноста, историјата и живите традиции. Придружете ни се додека ги отклучуваме скриените скапоцени камења на овој волшебен град, каде креативноста ќе се сретне со наследството, стои на официјалната најава.

Како што истакна градоначалникот Томе Христоски, Крушево се претвори во град со душа кој сите посетители повторно го гледаат со љубов.

„Општина Крушево ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата. Ќе ги преточиме на атрактивен начин историските вредности од минатото во динамичен и живописен град, ориентиран кон иднината“, рече Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи