„Денови на Крали Марко“ во Прилеп

Вечерва и утре во Прилеп ќе се одржи традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, што ја реализира општина Прилеп.

Манифестацијата започнува вечерва од 19 часот со настап на хорот св. Петка и вокалниот ансамбл „Пелагонитиса“ во црквата св. Никола во населбата Варош. Утревечер пак од 19.30 часот во амфитеатарот кај Слонот под Марковите кули целовечерен концерт ќе одржат Драган и Ратко Даутоски.

„Крали Марко е препознатливост за Прилеп. И туристите кога доаѓаат, меѓу другото, сакаат да ги слушнат приказните, да ја видат тврдината на Марковите кули. Сето значи голема промоција за Прилеп во што треба уште повеќе да се сложува во иднина“, велат од Општина Прилеп.

Опеаниот јунак во народното творештво, не само во нашата земја, туку и на Балканот, остави траен белег во историјата на градот кој го има како препознатливост. Најмногу по тврдината и Марковите Кули.

Во основните училишта во рамките на нивните историски, литературни и ликовни секции ќе се одржат часови и презентација на тема Крали Марко низ легендите, како и за подемот и пропаста на прилепското кралство. Сите овие дамнешни времиња денес треба да бидат инспирација за новите генерации на авантуристи, спортисти, научници итн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи