И денеска продолжи несекојдневниот спектакл во Крушево, 4-то по ред Macedonian 4×4 Trophy 2023. Најдобрите ОФФ РОАД возачи од целиот Балкан за публиката приредија вистинско шоу. Се возеше низ шумите околу Крушево, по доста непристапни, но атрактивни терени за овој спорт. Крушево е најдоброто место во Македонија за развојот на овој алтернативен спорт, но воедно и туризам кој носи голем број посетители.
Погледнете како изгледаше адреналинската атмосфера денеска, превртување на возилата во реки, голем број непристапни предели, претекнување на офф роад возилата во шуми, поминување низ блата и места со многу вода и кал, вистинско адреналинско шоу какво немате можност на видите на ниту едно друго место во Македонија. Доколку сте ги пропуштиле овие 2 дена, утре, недела вашата дестинацијна нека биде Крушево.
165