Варосување, премачкување на дограмата, нови шпорети и бории за планинарскиот дом „Томе Темелкоски“


Прилепските Планинари Авантуристи во соработка со ПСД „Момата“ започнаа реконструкција на планинарскиот дом „Томе Темелкоски“ на Селечка.

„Во текот на денешниот ден се однесоа два шпорети комплетирани и плус бории за постоечките заштитени со заштитен спреј. Се употребија и 100 литри вар и 50 литри фасадна боја за целосно бојадисување на домот, дограмата се премачка и излакира целосно, а се постави и рефлектор во надворешниот дел. Благодарност до ПСД „Момата“ за несебичната поддршка и до сите кои помогнаа. Кирил Јандреовски е донатор на двата шпорети, а голема благодарност и до сите кои што донираа на маршот посветен на Томе. Продолжуваме понатаму со следна акција за скоро време“, истакнаа од Прилепски Планинари Авантуристи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи