На 20 и 21 мај во Приштина, Косово се одржа 15тиот меѓународен боксерски турнир „Лах Нимани“ . Од Боксерскиот Клуб „АС“ боите на Македонија ги бранеше Матеј Чатлески.
Во финалната борба Матеј загуби од искусниот Дејви Дони од Албанија. Борбата беше жестока и техничко тактички поткована од двете страни на боксерите. Се прикажа одлична борба со аплаузи од страна на публиката. На крајот Матеј Чатлески мораше да се задоволи со сребрениот медал.